Реконквиста
Проблемот кој Шпанија го има со Ал Каеда и исламскиот тероризам не започна со ирачката криза. Всушност, тоа нема никаква врска со владините одлуки. Вие мора да се вратите околу 1.300 години назад, на почетокот на VIII век, кога нападнатата Шпанија од Маврите, одби да стане само уште едно парче во исламскиот свет и започна долга битка за враќање на нејзиниот идентитет.Овој процес на повторно „освојување” беше многу долг, т.е. траеше околу 800 години. Сепак, истиот заврши успешно. Постојат многу радикални муслимани кои продолжуваат да се сеќаваат на тој пораз и тоа многу повеќе отколку што било кој западен рационален ум би можел да го претпостави тоа. Осама Бин Ладен е еден од нив. Неговата прва изјава по 11 септември - повторувам, 11-ти септември - не започна со тоа што се повикуваше на Њујорк или Ирак. Напротив, неговите први зборови се однесуваа на загубата на Ал Андалус - Мавританската средновековна Шпанија – која ја спореди со окупацијата на Ерусалим од страна на Израелците.
Овој екстракт е од говорот што го одржа поранешниот шпански претседател Хозе Марија Азнар на универзитетот Џорџтаун во септември 2004 година под наслов „Седум тези за денешниот тероризам“. Во овој говор, Хозе Марија Азнар ја потенцира проблематичната улога на Ал-Андалус - Мавританска Шпанија - во рамките на шпанското историско сеќавање. Тој го обновува терминот „Реконкиста/повторно освојување“, кој традиционално се користи за означување на процесот со кој христијанскиот свет ги презеде муслиманските територии на Иберскиот Полуостров.
Низ призмата на меморијата за Ал-Андалус и „Реконкиста“, Хозе Марија Азнар се обиде да ги објасни терористичките напади во Мадрид на 11 март 2004 година. Наспроти мнозинството аналитичари и мнозинството од народот, Азнар не сметал дека нападите се реакција на инвазијата на Ирак во 2003 година, во чии рамки, Шпанската влада исто така учествуваше заедно со САД и Велика Британија, независно од негативното јавно мислење по однос на ова прашање во Шпанија.. Наместо тоа, тој тврди дека оваа форма на тероризам има долга историска кауза која може да се проследи дури до VIII век, кога започнал процесот „Реконкиста“, т.е. повторното освојување.
Title
Реконквиста
Description
Ex-prime minister Jose María Aznar emphasises the problematic role of al-Andalus -Moorish Spain- within Spanish historical memory. He recovers the term “Reconquista” which has traditionally being used to refer to the process by which Christendom took over the Muslim territories of the Iberian Peninsula.
Context
Овој екстракт е од говорот што го одржа поранешниот шпански претседател Хозе Марија Азнар на универзитетот Џорџтаун во септември 2004 година под наслов „Седум тези за денешниот тероризам“. Во овој говор, Хозе Марија Азнар ја потенцира проблематичната улога на Ал-Андалус - Мавританска Шпанија - во рамките на шпанското историско сеќавање. Тој го обновува терминот „Реконкиста/повторно освојување“, кој традиционално се користи за означување на процесот со кој христијанскиот свет ги презеде муслиманските територии на Иберскиот Полуостров.
Низ призмата на меморијата за Ал-Андалус и „Реконкиста“, Хозе Марија Азнар се обиде да ги објасни терористичките напади во Мадрид на 11 март 2004 година. Наспроти мнозинството аналитичари и мнозинството од народот, Азнар не сметал дека нападите се реакција на инвазијата на Ирак во 2003 година, во чии рамки, Шпанската влада исто така учествуваше заедно со САД и Велика Британија, независно од негативното јавно мислење по однос на ова прашање во Шпанија.. Наместо тоа, тој тврди дека оваа форма на тероризам има долга историска кауза која може да се проследи дури до VIII век, кога започнал процесот „Реконкиста“, т.е. повторното освојување.
Низ призмата на меморијата за Ал-Андалус и „Реконкиста“, Хозе Марија Азнар се обиде да ги објасни терористичките напади во Мадрид на 11 март 2004 година. Наспроти мнозинството аналитичари и мнозинството од народот, Азнар не сметал дека нападите се реакција на инвазијата на Ирак во 2003 година, во чии рамки, Шпанската влада исто така учествуваше заедно со САД и Велика Британија, независно од негативното јавно мислење по однос на ова прашање во Шпанија.. Наместо тоа, тој тврди дека оваа форма на тероризам има долга историска кауза која може да се проследи дури до VIII век, кога започнал процесот „Реконкиста“, т.е. повторното освојување.
Questions
Кои се можните ефекти од поврзаноста на историјата на исламот во Шпанија и тероризмот врз муслиманската заедница во Шпанија? До кој степен политичките дискурси спречуваат или зголемуваат говор на омраза и акти на омраза во нашите општества?
Temporal Coverage
21 ви век
Date
21 September 2004
Spatial Coverage
Шпанија
Audience
Yes
Creator
Laura Galián