Граѓанинот Кан: Видео 6

Граѓанинот Кан е хумористична серија на БиБиСи создадена од актерот и комичар Адил Реј (роден 1974 година), пакистански муслиман кој живее во Велика Британија. Тој, исто така, глуми како господин Кан во ситком кој се емитуваше во пет серии во периодот од 2012-2016 година. Сценариот на серијата е лоцирано во Спархил, Источен Бирмингем, Велика Британија. Главните ликови се г-дин Кан кој гордо се нарекува себеси „водач на заедницата“, неговата сопруга, нивните две ќерки, зет и свекрвата на г-дин Кан.Во серијата, г-дин Кан го нарекува Бирмингем „главен град на британскиот Пакистан“. Всушност, Бирмингем ја има втората по големина пакистанска заедница во Обединетото Кралство, наспроти Лондон кој го зазема првото место. Во рамките на Бирмингем, Спархил има една од најголемите концентрации на Пакистанци. Во моментов, има околу 1,17 милиони Пакистанци во Обединетото Кралство, што ги прави втората по големина етничка група таму. Најголемата етничка група во земјата се Индијците, со население од 1,45 милиони жители. Граѓанинот Кан е првиот ситком на BBC чии главни ликови се муслимани. Пошироката јужноазиска култура беше истражена уште во доцните 1990-ти во популарните хумористични серии на Би-Би-Си, како што е „Goodness Gracious Me“. Сепак, серијата имала одреден успех, а потврда за тоа е и фактот дека секоја епизода имала неколку милиони гледачи. Во овој видео клип, г-ѓа Кан и г-дин Кан разговараат за нивната следна дестинација за одмор. Господинот Кан, кој секогаш сака да заштеди пари, нема желба да патува во странство. Се чини дека тој останува глув на романтичните предлози на неговата сопруга.