Атеизам и Чарлс Бредлауг
Атеизмот и агностицизмот, нé се често застапени во учебниците по историја. Редок исклучок од ваквиот пристап, претставува поглавјето во еден британски учебник посветен на Чарлс Бредлау (1833–1891), првиот атеистички политичар во Велика Британија. Во поглвајето се истакнува дека иако Чарлс имал некои поддржувачи, сепак јавното мислење било против него. Многу луѓе го сметаа атеизмот како длабоко навредлив. Бредлау беше избран за пратеник во парламентот во 1880 година, но не можеше и да го заземе своето место, бидејќи од сите пратеници се бараше да се заколнат во Библијата. Бидејќи Бредлау тоа го одби, потребни беа неколку години за тој да ја доби можноста за заземање на своето место во парламентот. Имено, од 1888 година, законот дозволува нерелигиозна заклетва не само пред парламентот, туку и пред судовите.Во учебникот, Бредлау е илустриран низ призмата на хумористичен цртан филм Тоа, најверојатно е направено за да се потенцира отфрлањето на неговите атеистички идеи од викторијанскиот печат и од јавното мислење. Употребата на карикатура наместо фотографија ги зајакнува негативните асоцијации.
Дополнителни информации: Статија на Википедија за Чарлс Бредла
Зошто учебникот го нагласува конфликтот помеѓу Бредла и јавното мислење за време на викторијанската ера наместо да го прикаже на поурамнотежен начин?