Христијански катакомби

Во контекст на прашањето за христијанските прогони, раните христијански катакомби често се користат како илустрации во училишните учебници. Овие катакомби најмногу се користеле за погреби. Веројатно е дека таму биле погребани многу ранохристијански маченици (жртви на прогоните). Понекогаш, катакомбите се користеле како места за богослужба. Најпознатите катакомби се во Рим, но има и во други медитерански земји. Учебниците најчесто ги користат сликите на римските катакомби.

Зошто прогонствата на христијаните во учебниците често се поврзуваат со илустрации на христијански (првенствено римски) катакомби од раниот христијански период?