Извор: Р. (Машко, 22 години, христијанин) Клипинг: „Во мојата активност како млад христијанин, работејќи со млади луѓе, гледам дека луѓето на моја возраст честопати се осамени и мислат дека не се потребни на никого. Но, јас исто така гледам дека има интерес за религија и верувам дека преку лично искуство можете да разберете како религијата нé само што може да ви го промени животот, туку може да ви донесе нови пријатели и чувство за заедница. Во едно секуларно општество, честопати чувствувам дека недостасува единство и искрено верувам дека малата заедница која ја имаме ние младите христијани, може да претстваува добар пример за тоа како може да се постигне ова единство. Не сум сигурен колку можеме да бидеме со отворен ум, т.е. отворени со луѓето кои не го делат нашето гледиште за животот и религијата, но верувам дека нашата активност може да поттикне подобро разбирање на другите религиозни духовности и можеби дури и разбирање [со] луѓе од други религиозни традиции “
Овој клипинг е од интервју со генералниот секретар на Мрежата за млади на Советот на црквите во Естонија. Размислува за тоа како толеранцијата во различни групи на една религиозна традиција не мора да значи дека групата е отворена за секуларни општествени вредности, но веројатно може да разбере и да бара соработка со други религиозни традиции.