На иста страна: Мобилноста на обични луѓе во Северна Македонија прикажано во ТВ серијата
Во ТВ серијата, На иста страна, мобилноста на обичните луѓе се перцепира како прашање со големо значење, пред сé поради специфичниот социо-политички и етно-религиозен контекст во Северна Македонија. Високото ниво на толеранција може да се забележи во неколку епизоди на серијата, посебно помеѓу доминантното христијанско православно мнозинство и значително помалото муслиманско малцинство. Помалите религиозни малцинства, како католиците и Евреите, исто така добро се интегрирани во македонското општество. Ваквата кохабитација придонесе за обезбедување долгорочен мир помеѓу различните етнички заедници по меѓуетничкиот конфликт во 2001 година. Во рамки на серијата, во неколку епизоди прикажани се значајни примери во овој контекст, пред сé примери од градовите: Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово и Дебар, како и од помалите села, како Колешино.
Што може да се констатира за постконфликтните, меѓуетнички и меѓуверски односи во Република Северна Македонија? Која е главната „тајна” на интеграцијата на неколку етнички и верски малцинства во една функционална држава?