„темна Германија - светла Германија“ 2: Дер Шпигел (2015)
На 29 август 2015 година, германското политичко списание Дер Шпигел, користело две насловни страни (на алтернативни страници). На едната корица бил насловот „Темна Германија“ („Данклс Дојчланд“), а на другата „Светла Германија“ („Хелес Дојчланд“). И на двете корици под насловот следел следниот поднаслов: „Од нас зависи како ќе живееме”. Манифест. ”
(Види: https://www.spiegel.de/spiegel/print/index-2015-36.html). Манифестот претставува изјава за целите, намерите или плановите за иднината.
И двете корици илуструрале многу различни слики. Уредниците на Дер Шпигел го понудиле следниот опис и објаснување за сликите кои биле ставени на кориците: „На една слика, прикажан е пожарот во планираниот центар за азил во Васаш, Баден-Виртемберг [во Југо-западниот дел на Германија], што во основа претставува перцепција за т.н. темната Германија; на другата слика прикажана е забава за деца во Хесепе, недалеку од Оснабрик во Нидерсасен (во Северо-Западна Германија), каде што студентите го иницирале проектот „Празници за децата бегалци“. Две германски држави - ние имаме избор! ”(https://www.spiegel.de/spiegel/print/d-138379304.html).
Овие насловни страници, создадени се како одговор на говорот на германскиот претседател Јоаким Гаук. За да дознаете повеќе за говорот на Гаук и неговата разлика помеѓу т.н. „темна Германија“ и т.н. „светла Германија“, погледнете го клипингот Синклер а1 - Темна Германија - Светла Германија 1: Претседател Гаук (2015).
Како посоченото списание ги покрива и портретира поимите за т.н. „темна Германија“ и за т.н. „светла Германија“? Какво влијание може да имаат овие списанија врз читателите?