„Можеме да го сториме тоа“: Ангела Меркел (2015)

„Кога толку многу луѓе преземаат толку многу ризици за да го остварат својот сон за живот во Германија, тогаш ова навистина нé е лошо сведоштво за нас. Нашата слобода, нашето владеење на правото, нашата економска сила, редот, начинот на заедничкиот живот - тоа е она за што луѓето сонуваат, луѓето кои искусиле прогон, војна и суровост во нивните животи. Светот ја гледа Германија како земја на надеж и можност, но тоа, секогаш не беше така.
[…]
Ова го велам едноставно: Германија е силна земја. Мотивацијата зад нашиот пристап кон овие работи мора да биде: постигнавме толку многу - можеме да го сториме тоа! Можеме да го сториме тоа - и кога нешто ќе застане пред нас, тоа мора да се надмине, мора да се работи на тоа. “


 

Ангела Меркел (31.08.2015)

Овие зборови се дел од говорот на канцеларката, Ангела Меркел, член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и лидер на германската влада. Таа го одржала овој говор на прес-конференција на 31 август 2015 година. Станува збор за период во кој Германија очекувала најмалку 800.000 бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и од многу други земји.

Како ја толкувате изјавата на Меркел во делот кога вели дека Германија не била секогаш перцепирана како: „земја на надеж и можност“? На кој дел (или делови) од германската историја се повикува Меркел и зошто го прави тоа?

 

За какви минати достигнувања може да зборува Меркел? Можете ли да посочите примери на „тешки времиња” во историјата на Германија, со кои претходно било соочено германското население? Како овие историски искуства би можеле да бидат релевантни денес?

 

 Канцеларката Меркел го одржала овој говор неколку дена откако претседателот Гаук зборувал за разликата помеѓу „темната“ и „светлата“ Германија (види Клипинг Синклер а1 - „Темна Германија - светла Германија“ 1: Претседател Гаук (2015)). Можеби ќе сакате да го погледнете и овој клипинг. Дали забележувате какви било паралели помеѓу начините на кои Гаук и Меркел зборуваат за Германија и германската историја?