„Бегалци во германската историја“: Карстен Карбер (2015)
„Како нација, доживеавме многу големи бранови бегалци. Колку бегалци од Источна Русија и Силесија, успешно се интегрираа во Германија по Втората светска војна во период кога таа била крајно сиромашна? Се разбира, ситуацијата не е целосно споредлива бидејќи засегнатите лица тогаш биле раселени лица од источногерманските територии, но и тие припаѓаат на нашата земја и нашата култура. Колку луѓе во ГДР [поранешна германска демократска република Источна Германија] биле бегалци или би постанале бегалци, доколку [ѕидот во Берлин] не падна толку ненадејно? Не треба да заборавиме на сето ова. И треба да разговараме за ова, особено за оние кои излегоа на улиците, веќе извикувајќи за падот на христијанскиот Запад “.
(Карстен Карбер, 2015)
Карстен Карбер е член на германскиот национален парламент. Тој ја претставува политичката партија наречена „Христијанско демократска унија“ (ЦДУ). Тој ги истакнал овие зборови во контекст на парламентарната расправа, одржана на 11 септември 2015 година. Расправата се однесувала на финансискиот буџет на Германија за 2016 година и за парите потребни за грижа за бегалците. Во тоа време, голем број бегалци пристигнале во Германија од воени области, како: Сирија, Ирак и Авганистан. Карбер зборува за луѓето кои „викаат по улиците“ за падот на „христијанскиот Запад“. Со тоа, тој се осврнал на неодамнешните демонстрации на екстремно десничарските популистички движења во Германија, кои сметаат дека доаѓањето и прфаќањето главно на муслимански бегалци, претставува културна закана. Карбер, исто така се осврнал и на периодот по Втората светска војна кога милиони бегалци од Источна Русија и Силесија, пристигнале во Германија. Дополнително, тој зборува и за луѓе кои избегале од ГДР, т.е. од поранешната Германска Демократска Република во Источна Германија, во период (по Втората светска војна) кога Германија била разделена на две одвоени земји на исток и запад. Берлинскиот ѕид ја означувал линијата на поделбата на Источна и Западна Германија од 1961 до 1989 година.
Како е ставот на Карбер за релевантноста на германската историја во денешен контекст?
Дали имате познавања за ситуацијата со германските бегалци во 1945 година и во годините кога Германија била поделена на Исток и Запад? Што знаете за Берлинскиот ѕид? Кои се вашите ставови за начинот на кој оваа историја би можела да биде релевантна денес?
Дали постојат сличности со изјавите на Буркхард Јунг, градоначалник на Лајпциг (види клипинг Синклер а5-Бегалци во 1945 и 2015 година) или со оние на претседателот Гаук (види клипинг Синклер а1 –„темна Германија”- „светла” Германија”)?