Историска должност на Германија: Валери Вилмс (2015)

„Германија презеде историска должност по Втората светска војна и разбирливо, го вклучи правото на азил како основно право во нејзиниот устав. Затоа што историјата во Германија, особено јасно ни покажа дека луѓето што се прогонувани имаат потреба од засолниште. Многу луѓе доаѓаат кај нас затоа што животот во нивните матични земји станал невозможен. Тие бараат заштита и ние треба да им помогнеме - не само да го следиме уставот, туку пред сé, како сочувствителни луѓе“.



 

(Валери Вилмс, 2015)

Валери Вилмс (Алијанса 90 / Зелените), е член на Германскиот национален парламент. Овие зборови се дел од нејзиното учество и придонесот што таа го даде на парламентарната расправа, одржана на 15 октомври 2015 година. На оваа дебата се дискутирало за предложените измени во законите за барателите на азил во Германија. Станува збор за период во кој Германија се соочила со голем наплив на бегалци (главно од Сирија, Ирак и Авганистан).

Дали забележувате како Валери Вилмс зборува за германската историја и за нејзината важност денес.

 

Што знаете за историјата на Германија што може да се поврзе со нејзините (на Велери Вилмс) ставови и тврдења? Од каде произлегува и зошто т.н.  „историска должност“ на Германија да им помогне на луѓето кои се прогонети? Дали и на кој начин историјата на Германија покажува дека луѓето кои се прогонувани имаат потреба од заштита и засолниште? 2. Кое е вашето толкување за поимот „историска должност“? Дали е ова идеја која може да им помогне на луѓето да практикуваат мирен заеднички живот?