АфД: Ислам и Баерн 2018 година

Ова е постер кој ја рекламира популистичката, десничарска политичка партија Алтернатива за Германија (АфД), во контекст на изборите во Баварија, регион на југот на Германија, во 2018 година. Пораката на објавувачот на постерот, гласи: „Чувајте ги христијанските вредности”! И „Исламот не припаѓа на Баварија”! Карираниот, сино-бел симбол веднаш до називот на партијата (АфД), го претставува знамето на Баварците. На сликата во горната половина од постерот, поставен е популарниот христијански симбол, дрвена статуа со фигурата на Исус на крстот, позната и како распетие, додека во позадината, претставен е прекрасен планински пејсаж.

Какви претпоставки прави овој постер за христијанските вредности и исламот? Какви претпоставки прави овој постер за религиозната историја на овој германски регион? Што кажува за релевантноста на овој поглед на историјата денес? Зошто една политичка партија би користела плакат со овие пораки како дел од изборна кампања? Што можеби се обидуваат да постигнат со овој постер?