Охридскиот рамковен договор: „духот на договорот“

Конфликтот во Северна Македонија од 2001 година, се одбележува на два различни начина. Во почетокот на 2010 година, во Скопје започна голем градежен проект, наречен „Скопје 2014“. Проектот содржи повеќе од 137 споменици посветени на историски личности и настани, главно од етничко-македонската историја. Неколку години подоцна, на плоштадот Скендербег беше започнат сличен проект - мурал на кој се прикажани етничко-албански историски личности. И двата проекти беа критикувани од експерти како проекти кои дополнително го делат македонското општество по разни етнички и верски линии.
Охридскиот рамковен договор е инструментот и решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од Владата на Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) и претставници на албанската етничка заедница во оваа земја. Повеќето, но не сите етничките Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се главно православни христијани. Покрај религиозните разлики, двете групи зборуваат и различен јазик. Тензиите помеѓу овие две групи настанаа во годините до 2001 година. Во првата половина на 2001 година, тензиите ескалираа во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор овозможу намалување на насилството и решавање на конфликтот. Договорот, иницираше разоружување на албанските милитантни групи. Исто така, тој обезбеди јазични и културни права за малцинските групи.