Лига на нации

Според зборовите на историчарот Марк Мазовер"

 

„Мировната конференција во Париз за прв пат во историјата им даде сопствена држава на шеесет милиони луѓе, но уште дваесет и пет милиони претвори во етнички и верски малцинства. Ова ново политичко сценарио во Централна и Источна Европа ја покрена потребата за создавање систем за заштита на малцинските групи. Иницијативата беше поддржана од Лигата на нациите и нејзиниот Комитет на нови држави. Во текот на следните пет години, од 1919 до 1924 година, во рамките на Лигата, иницирани се: вкупно 16 договори за малцинства, посебни поглавја во општите мировни договори, посебни поглавја во други договори и декларации дадени пред Советот на Лигата на нациите, со новите држави од Централна и Источна Европа (Полска, Чехословачка и Југославија), со државите кои ги зголемија своите територии (Романија и Грција) и со поразените држави (Австрија, Унгарија и Бугарија) по Првата светска војна. За прв пат во човековата историја, заштитата на националните малцинства е „доверена” на меѓународна организација. Сепак, во рамките на Лигата на нациите и пошироко, се отворија серија дебати за функционирањето и иднината на системот за заштита на малцинствата. Овој систем ќе биде ефективен до средината на 1930-тите“.

Создадена со Версајските договори од 1919 година, Лигата на нациите беше меѓународна организација. Нејзината главна цел била спречување на нова светска војна. За да се постигне ова, Лигата се занимавала со дипломатски и безбедносни прашања. Организацијата решавала меѓународни спорови и воени ривалства. Таа го промовирала системот за заштита на малцинствата и директно управувала со спорните прашања и области (на пример, регионот на Сар или градот Данциг). Лигата исто така се занимавала и со здравствени прашања, права на интелектуална сопственост и прашања за стандардизација. Последниот состанок на Лигата на нации се одржал на 18 април 1946 година во Женева. Потоа, Лигата е заменета со ООН.

Во кој историски контекст Марк Мазовер дискутира за формирањето на Лигата на народите? Што ја прави Лигата на народите историски значајна, според Мазовер?