Запис од дневник на копретседателот на Leave.EU

 "Десет дена да одам! Решив дека од сега па натаму, треба да се фокусираме на имиграцијата. Медиумите ќе нè нападнат, но не е важно.

Ќе направиме се што треба да сториме за да ги натера луѓето да зборуваат за тоа.

Денес тоа значеше експлоатација на вчерашниот страотен инцидент во Орландо, Флорида, во кој четириесет и девет лица беа убиени во геј ноќен клуб од муслимански напаѓач со пушка.

Не се срамевме да го искористиме ова за да ги потсетиме гласачите за опасностите од отворените граници и објавивме оглас со слика на терористи кои мавтаат со АК-47 под наслов: „Исламистичкиот екстремизам е вистинска закана за нашиот начин на живот. Дејствувајте сега пред да видиме злосторство во стилот на она во Орландо. Виги тогаш објави дека „Слободата на движење за калашњиковците во Европа им помага на терористите. Гласајте за поголема безбедност на 23 јуни”.



Сите полудеа, исто како што се надевавме."

Овој извадок е земен од објавениот дневник на Арон Банкс. Тој беше копретседател на Leave.EU, една од групите која водеше политичка кампања за поддржување на повлекувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, на референдумот во јјуни, 2016 година. Притоа, едно од прашањата кои групата сакаше да ги иницира и актуелизира беше прашањето за имиграцијата и политика на слободно движење на луѓето во и помеѓу земјите на Европската унија.



 

Еден од значајните настаните во позадина на референдумот, беше и бегалската криза во 2015 и 2016 година. Станува збор за голем број на луѓе од Сирија, Ирак и Авганистан кои бараа азил во Европа, честопати ризикувајќи си го и сопствениот живот во напорите за остварување на таа цел. Многу од овие луѓе ги напуштија своите држави како резултат на прогон или бегајќи од ескалацијата на конфликтите.

Претходно споменатиот проглас во извадокот, ја анализира оваа миграција од аспект на исламистичкиот тероризам. Имено, прогласот сугерира дека во самиот проток и движење на мигрантите ќе бидат вклучени и терористи и дека поради тоа слободата на движење во Европската унија ќе резултира во закана за британската безбедност. 


 

Постерот со терористи кои мавтаат со калашњинков, како дел од преземената политичка кампања, беше критикуван (вклучително и од многумина кои сметаа дека Велика Британија треба да ја напушти Европската унија) од повеќе причини.

Прво, некои сметаа дека постерот има политичка цел т.е. прибавување политичка предност и „политички поени” од неодамнешната трагедија. Се однесува на трагедијата/злосторството кое претходно го изврши еден американски муслиман, роден во САД.
Второ, некои сметаа дека постерот ги „демонизира“ муслиманските мигранти истакнувајќи поврзаност меѓу религијата на исламот и насилството, како и меѓу бегалците и теророт.
Трето, некои сметаа дека постерот е во заблуда затоа што всушност, бегалците можат да се населат во Обединетото Кралство само откако ќе станат државјани на Европската унија или откако ќе добијат азил.

Што може да ни каже овој извадок за тоа како политичките активисти користат пропаганда?