Најџел Фараж (Nigel Farage) (британски европратеник) зборува за плакат за бегалската криза и безбедноста за време на референдумот на Обединетото Кралство за членство или напуштање на Европската унија

„Но, искрено, како што можете да видите од оваа слика, повеќето луѓе што доаѓаат се млади мажи и да, можеби доаѓаат од земји кои не се во многу среќна состојба, можеби доаѓаат од места кои се посиромашни од нас, но ЕУ, направи фундаментална грешка што ја ризикува безбедноста на сите“.

Во 2016 година се одржа референдум во Велика Британија во однос на прашањето дали да остане во Европската унија. Најџел Фараж беше лидер на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), која беше една од групите кои водеа кампања за напуштање на Европската унија. Едно од клучните прашања на нивната кампања, беше прашањето за имиграцијата.



 

Во текстот погоре Фараж одговара на новнинарски прашања за овој контроверзен постер. Постерот е слика на бегалци кои ја преминуваат границата меѓу Хрватска и Словенија во 2015 година. Една од темите што се појави во кампањата „Напуштија ја ЕУ“ беше загриженоста дека земјите од Европската унија не го контролирале пристигнувањето на мигрантите, вклучително и од местата со воени конфликти како Сирија, Ирак и Авганистан. За време на кампањата, често се сугерираше дека политиката на слободно движење во рамките на Европската унија ќе овозможи и влез на бегалците во Обединетото Кралство, без темелни проверки и контроли. (Но, всушност, бегалците ќе можеа да се населат во Обединетото Кралство само откако ќе станат државјани на Европската унија или ќе добијат азил.) Една од причините зошто беше критикуван објавувачот на постерот, беше тоа што постерот е објавен по серија насилни терористички напади на исламистичките екстремисти во европските градови. Некои тврдеа дека плакатот е дизајниран со цел „демонизирање“ на бегалците, притоа настојуваќи да се поентира од стравот на јавноста од исламски тероризам.

Дали мислите дека овој постер беше етички и соодветен?