Постер од британската кампања: EU. Leave во 2015 година, за време на референдумот за членство или напуштање на Велика Британија од Европската унија
A sign of things to come? https://t.co/kZxOkPM4dT Join us! Text "Leave EU" to 81400. #LeaveEU #Brexit pic.twitter.com/2A45F4z5SV
— Leave.EU (@LeaveEUOfficial) December 25, 2015
Погледнете го овој постер. Која порака сметате дека се обидува да ја пренесе?
Во 2016 година, Велика Британија одржа референдум за тоа дали ќе остане во Европската унија. Една од групите кои водеа кампања за напуштање, беше и т.н. „Напуштете ја ЕУ”. Ова е еден од нивните постери. Сугерира дека Божиќна порака во Германија ќе биде преведена на арапски јазик. Зошто? Еден од водачите на „Напуштете ја ЕУ”, истакнува дека плакатот е дизајниран за да биде „намерно провокативен“. Една од главните теми на кампањата „Напуштете ја ЕУ”, беше прашањето за имиграцијата. Еден од аспекти на ваквиот пристап, претставува сугестијата дека за време на бегалската криза, земјите од Европската унија не го контролирале пристигнувањето на мигранти од места како што се Сирија, Ирак и Авганистан. Во таа насока, сугестијата е дека слободното движење меѓу земјите на Европската унија, ќе овозможи голем број бегалци да влезат и во Обединетото Кралство. (Всушност, бегалците ќе можеа да се населат во Обединетото Кралство откако ќе станат државјани на Европската унија или пак откако ќе добијат азил). Овој постер сугерира дека германската политика на Вилкоменсккултур („Добредојде култура“), овозможувала т.н. исламистичко „преземање“ на Германија. Оттука, пораката на овој постер се однесува на загриженоста дека истото би можело да се случи и во Велика Британија, доколку таа не ја напушти Европската унија. Во тој период, слични теми беа дискутирани и во самата германска политика.
Зошто постерот се фокусира на Божиќ? Кои се вашите претпоставки за влијанието кое може да го има овој постер за германскиот идентитет и за контекстот на кампањата за референдумот за членство или за напуштање на Велика Британија на ЕУ, како и за неговото влијание врз британскиот идентитет?