Духовна предавална и (променливата) улога на религијата
КР (Ш): Ако постои религија во срцето на една личност, тоа е подобро отколку ништо. Човекот кој ја носи религијата во своето срце, може да се насочи и посвети кон Бога. Човек кој нема желба за Бог, ќе талка по сите ветрови на светот, без оглед од каде доаѓа. Во тешка ситуација, ако го прашате Бога, добивате одговор и поддршка.
Во денешно време, „новата духовност″, сè повеќе се наметнува како во однос на традиционалните цркви, така и во однос на другите религиозни организации и институции кои нудат верско учење и разбирање на светот. Во оваа насока, отворена е можноста идеите на „новата духовност″ да се шират и помеѓу самите членови на традиционалните религиозни организации. Карактеристично е и тоа што „новата духовност″ нема развиено систем на прецизна и воочлива поврзаност за своите следбеници, па оттука организациите кои се занимаваат со ширење на нејзините идеи, честопати ја користат формата на т.н. практично или формално образование.Spirituaalne Lektoorium (Сала за духовно предавање), создаден е во 2007 година, со цел соединување на луѓето заинтересирани за „нова духовност″, преку мрежа воспоставена во Естонија. Конретно, целта била да се иницира оригинален начин на размислување кај луѓето, при што самото учење за „новата духовност″, би требало да иницира развој на сериозна духовна моќ и на силен бран на т.н. „универзално будење″.
Title
Духовна предавална и (променливата) улога на религијата
content
КР (Ш): Ако постои религија во срцето на една личност, тоа е подобро отколку ништо. Човекот кој ја носи религијата во своето срце, може да се насочи и посвети кон Бога. Човек кој нема желба за Бог, ќе талка по сите ветрови на светот, без оглед од каде доаѓа. Во тешка ситуација, ако го прашате Бога, добивате одговор и поддршка.
Temporal Coverage
21 ви век
Spatial Coverage
Европа