јудаизам, ислам и опстанок на антички грчки текстови
Овој видео клип е за Хебрејска книга од 14 век, која е изложена во музејот на уметности во Метрополитен. Насловот на книгата гласи: Сефер Musre Hafilosofim ( Книга на моралот на филозофите ). Станува збор за книга заснована на претходен, арапски извор и позната уште и како антологија на филозофијата. Значи, тоа е копија на книга оригинално напишана на арапски јазик, на кој јазик во текот на IX век, всушност се преведувани делата од т.н. класичен свет, пред сé делата од античка Грција. На тој начин овозможено е пробивање на грчката античка филозофија во современиот свет, најпрво преку арапскиот, а потоа и преку хебрејскиот јазик. Преку овој пример, видео клипот покажува како низ историјата се испреплетуваат христијанството, јудаизмот и исламот и како античките текстови го обезбедија својот пат до модерниот свет.
Замислете дали би можеле да зачувате еден текст за идните генерации - што би претставувало тоа за вас? Кој јазик би го користеле за да го зачувате текстот?
Title

content

Description
YouTube каналот Smarthistory има мисија да ги отвори музеите и културните места за светот, видео по видео. Тие создаваат ресурси од светска класа за уметност и културни предмети за ученици од целиот свет, бесплатно.
Context
Ова видео клип е за книга од 14 век изложена во Метрополитен музејот на уметност со наслов „Сефер Мусре Хафилософим“ (Книга за моралот на филозофите), антологија на филозофијата на хебрејски јазик. Тоа е копија од книга првично напишана на арапски јазик, која самата по себе била превод на дела што потекнуваат од античка Грција, со што ни покажува како се испреплетени историјата на христијанството, јудаизмот и исламот во Европа.
Questions
Замислете дали би можеле да зачувате еден текст за идните генерации - што би претставувало тоа за вас? Кој јазик би го користеле за да го зачувате текстот?
Temporal Coverage
14 ви век
Spatial Coverage
Пиринејски Полуостров
Relation
Subject
Source
https://www.youtube.com/watch?v=N1s7RtMg2Co
Creator
Kaarel Kuurmaa