Тоа е црква. Тоа е џамија. Тоа е Аја Софија.

Ова е кратка видео содржина на YouTube каналот, Тed ED (со над 9,6 милиони прегледи) за Аја Софија (Светата мудрост), религиозен објект, кој низ историјата служел за различни намени - ако нејзините убави ѕидови можат да зборуваат, тогаш ќе има изобилство од приказни за раскажување. Поставена на раскрсница помеѓу континенти и култури, Аја Софија доживеа масивни промени, почнувајќи од името на градот каде е изградена, па се до промени поврзани со нејзината сопствена структура и цел. Ова светско чудо, директно соочено со тестот и предизвиците на времето и на војните, преживеа векови на разни освојувања од страна на некои од најголемите империи на историјата на човештвото. И денес, елементи од речиси секоја ера, „стојат подготвени да ги раскажат своите приказни на секој заинтересиран посетител”. Во видеото, Кели Вол, нè води низ историјата на секој слој од овој голем и скапоцен „камен” на човечката желба.
Аја Софија, претрпе и помина преку големи промени во текот на историјата, од катедрала на византискиот цар Кристијан (537-1054), преку Грчката православна црква (1054-1204), Римокатоличката црква (1204-1261), повторно Грчката православна (1261 –1453), Отоманската џамија (1453–1931) и сега, музеј (1935 година - денес).