" Криза на XVII век ": Европска историја # 11

Содржината на овој видео клип е поврзана со периодот од крајот на XVII век во Европа, при што се нагласува важноста на Вестфалскиот мир, со кој, за одреден период Европа „одмори” од војните со религиски предзнак. Со Вестфалскиот мир, дури и дотогашните тврдокорни теолози, се согласиле на одредени отстапки за другите религии, a пред сé во насока на воспоставување на мирот. Тоа значеше чекор напред кон една модерна Европа, кој означи дека и покрај различните мислења, филозофии и религии, сепак може да живее во заеднички мир. Дотогашната Триесетгодишна војна иницираше големи човечки загуби, околу 20% од населението во централна Евра го загуби животот, додека во областите со интензивни и континуирани борби, тој процент беше околу 50%. Оттука, историјата не е само една човечка приказна, туку збир од сите човечки приказни.
Овој видео клип "Криза на XVII век", е дел од образовниот YouTube канал, Crash Course. Заклучно со октомври 2019 година, каналот има скоро 10 милиони претплатници и над 1-на милијарда прегледи заклучно со февруари 2019 година.