„ Се чувствувам толку виновна“: Муслиманските жени разговараат за отстранување на хиџаб на работа
Европскиот суд на правдата пресуди во март 2017 година дека корпоративните прописи кои забрануваат "видливо носење на било каков политички, филозофски или религиозен знак" не претставуваат директна дискриминација. Ова може да се примени на верска облека од сите вероисповеди, барање кое, според правни експерти, може да опфати и сикхски турбан, христијански крст и еврејска капа, меѓу другите верски симболи.
По одлуката на Европскиот суд на правдата со која им се дозволува на работодавачите да забранат верски симболи на работното место, три муслиманки во Валенсија (Шпанија), Амстердам (Холандија) и Лондон (Обединетото Кралство) ги споделуваат своите искуства при барањето работа додека го носат хиџабот.
Дали се согласувате со пресудата на Европскиот суд на правдата дека работодавачите можат да го забранат носењето верски симболи на работното место? Кои би можеле да бидат причините за и против тоа?
