Антисемитизам во Европа

Овој документарен филм, од германскиот радиодифузер Дојче Веле (Deutsche Welle), прашува: како е денес да се биде Евреин во Германија, Полска и Франција? Дали антисемитизмот се врати во Европа? 

 

Филмот сугерира дека стравот се врати во Европа. Еврејскиот народ се плаши од напади на улица, а нивните деца често пријавуваат малтретирање на училиште. Во јавноста, сé позабележителни се и паролите со омраза кон Евреите. Како резултат на сé почестите напади врз Евреите во Франција во изминатиот период, се интензивираше процесот на емиграција на француските Евреи во Израел.

Документарецот дава сеопфатен преглед на антисемитизмот во Европа, доловувајќи ги искуствата на поединци фатени меѓу очајот и надежта, како и резигнацијата и отпорот. Ги истражува сложените емотивни и социјални пејзажи кои ги обликуваат животите на оние кои се погодени од антисемитските чувства, фрлајќи светлина и врз личните борби и колективните напори за соочување и отпор на омразата.

Зошто антисемитизмот сè уште постои во нашите европски општества? Како можеме ефикасно да се справиме со антисемитизмот?