Кој е првиот збор што ми паѓа на ум?
Главниот фокус на популарните YouTube видеа кои вклучуваат религиозна содржина се т.н. социјални експерименти. Овие видови експерименти имаат тенденција да патуваат од земја до земја, при што целта е иницирање и добивање на неочекувани и целосно природни реакции од учесниците во нив.
Калед Сидич е дел добро познатите YouTube уметници. Своите дела како пејач, текстописец и рапер, тој постојано ги споделува на YouTube каналот. Тој верува дека создава музика која има повисока цел, посебно во отстранувањето на заблудите за неговата, муслиманска вера. Во ова видео тој прави еден социјален експеримент во Лондон, преку анализа и покажување на исламофобичните идеи кои циркулираат низ улиците на Лондон.
Што ви кажува овој социјален експеримент за исламофобичните идеи кои кружат по улиците на Лондон?