"Јас сум муслиман и јас ти верувам. Дали ти ми веруваш доволно за една прегратка?"
Популарните видеа на Јутјубери со религиозна содржина често се стилизирани како шеги или социјални експерименти. Овие видеа, често адаптирани низ различни земји, имаат за цел да доловат искрени, нефилтрирани реакции за да предизвикаат неочекувани одговори.
Јутјуберот „Животот на Бако“ спроведе социјален експеримент неколку дена по самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер Арената на 22 мај 2017 година. Овој инцидент беше најсмртоносниот терористички напад и прв самоубиствен бомбашки напад во ОК од бомбашките напади во Лондон на 7 јули 2005 година. Веднаш по бомбардирањето, имаше пораст на злосторствата од омраза против муслиманите во ОК. Бако излезе на улица да ги тестира луѓето од Манчестер со социјален експеримент во кој стои на улица со натпис на кој пишува: „Јас сум муслиман и ти верувам. Дали ми веруваш доволно за прегратка?“. Ова видео оттогаш е прегледано над 2,5 милиони пати.
Што можете да научите од овој социјален експеримент?