Видливоста на минарето

Предрасудите, стереотипите и недовербата го хранат однесувањето на граѓаните, а понекогаш и на нивните локални лидери. Во некои земји, лидерите се спротивставуваат на развојот на места посветени на молитва или на изградба на џамии. Ова се случува затоа што „видливоста“ на минарето „предизвикува проблеми“. Ова не е случај во Брисел, каде е можно да се стави во повторна употреба, малата кула на опсерваторијата која може да функционира и како минаре. Ова значи дека местото кое е лоцирано на само два чекори подалеку од европските институции (на еден агол на Parc du Cinquantenaire), честопати останува потполно незабележано. Како заклучок, убедени сме дека муслиманите и Европа, Европа и Исламот, ќе живеат во хармонија. Плурикултурната и плуралистичка Европа и муслиманите ќе одвојат време да се отворат подобро за да се разберат и прифатат едни со други.
Овој екстракт го напиша Мохамед Али Абделкадер, поранешен член на Европскиот парламент. Тој припаѓаше на левичарската партија Изквиерда Унида од Мелила. Мелила е една од сè уште постоечките шпански територии на северот на Африка. Екстрактот е дел од книгата насловена „Ислам и Европа″, напишана во 1998 година. Во тој период, Европската унија имаше само 15 земји членки, а Европа брзо стануваше мултикултурен и мултирелигиозен континент. Сепак, паралелно со тоа, присутно беше и сериозното зголемување на расизмот и исламофобијата. Во овој екстракт Мохамед зборува за неразбирливоста на Западот за видливоста на муслиманските верски места, како што се џамиите и минарињата. Неговата цел е да објасни дека на одредени места, како што е Брисел, различни згради се модификувани за да служат како џамии. Авторот посакува мултикултурна Европа во која муслиманите и немуслиманите ќе можат да живеат во хармонија, мир и меѓусебно прифаќање.