Се чекаше признание за муслиманите во Шпанија
Потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Шпанската држава и Исламската комисија на Шпанија во 1992 година, е од големо значење. Имено, годинава меморијата не навраќа кон два различни пристапи за законските статути за муслиманите во Шпанија. Првиот, завршува со падот на Кралството Гранада во 1492 година, а вториот се однесува на контроверзниот период по тој датум, кога речиси два века не е статутарно регулиран животот на муслиманите. Тоа би завршило со нивно целосно исчезнување од шпанската територија, со протерувањето на Морискос во 1609 година. Договорите беа ратификувани на 28 април 1992 година и истите беа потпишани од кралот Хуан Карлос I на 10 ноември истата година. Објавени се во Службен весник на 12 ноември како закон 26/1992, кој означува нов правен статус за муслиманските граѓани со што се отвора патот за религиозен плурализам на кој се чекало речиси пет века.
Зошто беше толку важно за муслиманската заедница да може да биде признаена како историска заедница во Шпанија?
Title
content
Договорите беа ратификувани на 28 април 1992 година и истите беа потпишани од кралот Хуан Карлос I на 10 ноември истата година. Објавени се во Службен весник на 12 ноември како закон 26/1992, кој означува нов правен статус за муслиманските граѓани со што се отвора патот за религиозен плурализам на кој се чекало речиси пет века.
Context
Овој екстракт го напиша Ријај Татари Бекри, тогашен претседател на Исламската комисија на Шпанија. Тој исто така бил и имам на Централната џамија во Мадрид. Работел во Консултантската комисија на Министерството за правда во Шпанија и на одреден начин го олеснил и овозможил процесот на донесување на очекуваните договори меѓу Исламската комисија и Шпанската држава. Неколку години подоцна, во 1998 година, тој доби награда за неговите напори.

