Повторената лага не прави вистина

Дури и ако повторената лага не ја прави неа вистина, таа има огромно влијание врз начинот на кој ги перципираме/перцепиравме другите. Колку претставувањето на одредени верски, социјални и етнички групи со медиумско покривање, ТВ емисии или политичари, влијае на начинот на кој ние ги перципираме нив? Кои се причините за овие погрешни претстави? Ова се централните прашања што се провлекуваат низ исечоците во рамките на овој дел.

Денес, телевизиските емисии се жанр на визуелни содржини кои многу се консумираат. Меѓутоа, во многу прилики тие ги овековечуваат стереотипите и предрасудите. Со нагласување на разликите меѓу религиозните и општествените групи, расте и ширењето на лажни слики и идеи за другите. Клипот „Викинзи: пропаганда и стереотипизација“, објаснува како во ТВ-шоуто, „Викинзите“ се претставени како варвари, насилни и канибали, при што се поставува прашањето: „Зошто другите луѓе почувствуваа нагон за погрешно претставување на Викинзите?“

Политиката претставува уште една област во која пропагандата и стереотипите често се користат, пришто континуирано ги мешаат и испреплетуваат религијата и политиката. Тоа е случајот со Religioensvrede (1578), договор за овозможување заеднички живот на католиците и протестантите во Ниските Земји. Во него се опишуваат шпанскиот крал и неговата војска со крајно негативни термини и како непријатели (Клипинг „Религиоенсврде и шпанските стереотипи“. Дали сте свесни за постоење на за слични ставови денес кога луѓето не се согласуваат? Каков мислите дека треба да биде одговорот во такви ситуации?

Во денешното, современо време наоѓаме и многу примери за тоа како политичарите пропагираат негативни идеи за одредени верски, етнички и општествени групи. Таков е случајот со Најџел Фараж, (британски европратеник), кога зборува за плакат за бегалската криза. Овој плакат беше промовиран за време на референдумот во Обединетото Кралство за членство во Европската Унија. Која е политичката цел на легитимирање на идејата дека луѓето што доаѓаат може да бидат закана за безбедноста на Обединетото Кралство? (Видете го исечокот https://retopea.eu/s/en/item/7837).

Во прилог, презентирани се неколку различни начини преку кои можете да ги развиете идеите за правење документарец поврзан со содржината во овие исечоци:

Дали можете да идентификувате - како во исечоците - стереотипни идеи за религиозните, социјалните или етничките групи во вашата околина? Што мислите, од каде доаѓаат овие идеи?

Според вас, зошто овие стереотипи успешно се развиваат во одредени средини? Во кои и зошто? Дали имате некој пример во вашето училиште? Можете ли да воспоставите поврзаност со слични проблеми како во исечоците?

Би било одлично кога би можеле да смислите каква било идеја како да се спротивставите на пропагандата и стереотипите во вашите документи!