Атеистичка кампања на автобуси

Критиката на религијата е често присутна во учебниците за религиозно образование во различни земји. Еден популарен современ пример, претставува и атеистичката кампања за автобуси. Кампањата е започната во 2008 година, како реакција на христијанска група, на чија веб-страница беше објавено дека сите нехристијани ќе изгорат во пеколот.

 

Главниот основач на кампањата беше британската писателка за комедија, Ариан Шерин. Таа беше поддржана од Ричард Докинс, биолог и добро познат атеист. Главниот слоган на кампањата беше: ”Веројатно нема Бог, сега престанете да се грижите и уживајте во животот”. “Во 2009 година, околу 800 автобуси со овој слоган се движеа низ Обединетото Кралство. Слични кампањи имало и во многу други земји, вклучително и во Австралија, Австрија, Канада, Финска, Германија, Италија и САД.

 

Неколку верски групи се чувствуваа навредени од ваквите капмањи и презедоа контра-кампањи. Еден од слоганите на овие кампањи гласепе: ”Дефинитивно Бог постои, затоа придружете се на Христијанската партија и уживајте во вашиот живот.

 

За повеќе информации за ова: https://en.wikipedia.org/wiki/Atheist_Bus_Campaign

Каков е вашиот став во однос на посочените кампањи и контра-кампањи во јавниот живот? Дали мислите дека тие можат да промовираат или да ја загрозат верската толеранција?