Атеистичка кампања на автобуси во учебниците

Атеистичката кампања на автобусите од 2008-2009 година, во учебниците е генерално претставена како илустрација: автобус со слоган - ”Веројатно нема Бог. Сега престанете да се грижите и уживајте во животот “. Најчесто самата кампања е опишана многу кратко.

 

Единствено во германски учебник, беше оствен поголем простор за кампањата чиј слоган гласеше: „Es gibt (mit a Sicherheit grenzender Wahrscheinlichkeit) keinen Gott“ [„Не постои (со веројатност што се граничи со сигурност) Бог“].

 

Германска христијанска група започна контра-кампања, со слоганот: „Und wenn es ihn doch gibt ...“ [‘И што ако тој (Бог) постои ...“]. Учебникот, исто така ги повикува читателите да размислуваат за продолжување на дебатата за постоењето на Бог.

Дали сметате дека е прифатливо ваквите кампањи да бидат дел од учебниците на учениците? Како тоа може да влијае на верската толеранција во училишните средини?