Реформација и војна во медиумите: контекст

Печатницата беше многу ефикасна алатка за пропаганда во ерата на реформацијата. Потврда за тоа претставува и фактот што наспроти текстовите, сликите и карикатурите исто така ја отворија можноста протестантите и католиците меѓусебно да се претставуваат како нехристијани, демони или антихристи. Учебниците во училиштата многу често ја користат оваа пропаганда со слики од ерата на реформацијата за да ги илустрираат присутните тензии во тој период.

Што мислите, зошто протестантите и католиците користеле слики за да шират пропаганда за време на реформацијата, и како сликите ги прават пораките помоќни?