Pивоводот на сатаната

Оваа познатата карикатура од времето на реформацијата, „музика на ѓаволот“, го прикажува Сатаната како „игра и свири“ на монах претставен како гајда (музички инструмент). Некои луѓе мислат дека монахот е Мартин Лутер и дека оваа слика е анти-протестантска. Ваквото тврдење е застапено во многу училишни учебници. Сепак, поверојатно е спротивното т.е.дека сликата претставува критика на католичкото монаштво од страна на лутеранците.

Како вие ја толкувате сликата и кој став е за вас поприфатлив? Дали сметате дека ваквите слики можат да се анализираат само од уметнички аспект?