Царот Јосиф Втори и патентот на толеранцијата: контекст

Во многу австриски училишни учебници, се дискутира за постапките на светиот Римски император Јосиф Втори (1741–92). Тој е еден од најрадикалните реформатори во ерата на просветителството. Се наведува дека Јосиф Втори се спротивставил на постапките на претходните владетели на Австрија бидејќи католичките владетели честопати ги принудувале протестантите или да ја преобратат својата религија или да ја напуштат земјата. Јосиф, особено се спротивставувал на присилното преобразување на протестантите во католичка вера. Тој ја застапува една од централните идеи на просветителството: „слободата на религијата и совеста”.Во 1781 година, Јосиф Втори, објави закон за религиска толеранција наречен: „Патент на толеранцијата“, кој содржел седум статии. Таму тој ги претставува принципите на толеранција кон протестантската и православната вера и нивната позиција во споредба со католицизмот кој бил државна религија. Во 1782 година, овие принципи биле проширени и со прашањето на Евреите.