Царот Јосиф Втори и патентот за толеранција: ограничувања
Некои делови (написи) од „Патентот за толеранција“ на светиот Римски император Јосиф Втори, оставија многу јасен впечаток за тоа какви се границите на неговата религиска толеранција за не-католиците. На пример, во член 1 се вели:
„Кога живеат 100 семејства на некатолички субјекти, тие можат да градат своја куќа за молитви и училиште. [...] Наредено е дека не треба да има биење/ѕвонење на ѕвона/камбани, кули и јавен влез што може да личи на црква.”
Во однос на семејните работи, прифатена е и католичката вера, како во член 6:
„Што се однесува до децата од мешани бракови, се уредува: Со католички татко, сите деца треба да бидат воспитани во католичката религија. Со протестантски татко и католичка мајка, религијата мора да го следи полот.”
Зошто мислиш дека Јосиф II им ги поставил тие ограничувања на некатолиците? Дали има примери на слични ограничувања од денешна Европа?