Децата и војната

Музејот на Воена Фотографија во Загреб, Р. Хрватска, во својата изложба на војната содржи сведоштва на воените преживеани:„Беше тоа летото 1991 година. Јас имав седумнаесет години. Повеќето од децата во тоа време сметаа дека борбите нема да траат повеќе од месец дена и дека нема да има голем број жртви. Моментот кога сфатив дека нештата се сериозни беше утрото кога еден другар влезе со трчаница во училницата и низ солзи ни кажа дека еден наш другар бил убиен. Тој и уште еден пријател нашле Киндер Јајце и го зеле дома. Како што го отвориле јајцето експлодирало. Стоејќи над неговиот гроб на гробиштата, со роза во раката сфатив дека нештата се многу лоши. Мојот другар го погребавме со гитара; едно од децата на погребот ја отсвири „Грација“ од Азра, која беше негова најдрага песна.“ Ива П., 1991 Карловац
Оваа војна првично била нарекувана „Татковинска војна“ или пак „Големата Српска Агресија“. Во јануари 1990, Комунистичката партија се растурила по етнички струи, со тоа што Хрватските и Словенечките фракции барале поотворена федерација на 14-тиот Вонреден Конгрес. На овој конгрес, Српските делегати ги обвиниле Хрватските и Словенечките делегати за „поддржување сепаратизам, тероризам и геноцид на Косово“. Етничката омраза растела како што различните инциденти ја потпалувале пропагандната машина на двете страни. Христијани, муслимани и евреи престанале да бидат соседи и станале „оние другите“.