Жените и војната
Ако погледнеме една музејска поставка ќе забележиме нешто многу чудно. Жените скоро секогаш се поставени во однос на темите на бракот, традиционалната облека или религиските ритуали. Многу малку жени се поставени во изложбите самите за себе. Улогата на жената започнала повеќе да се слави во општеството по вториот бран на феминизмот. Во земјите кои биле под комунистичкиот режим, музеите ги поставуваат жените во соодветни општествени рамки. Тие сега се работници заедно со мажите, другари и другарки, мајки и активен дел од секојдневниот живот. 19-тиот и 20-тиот век отвориле многу нови видици за жените, за жал и војната била еден од нив. Од медицински сестри до герила борци, жените го прифатиле предизвикот, а општеството го препознало тоа.
Title
Жените и војната
Description
Третман на жени во војна
Subject
Is Referenced By
Creator
Marija Manasievska