Религиозната разновидност како одраз на нашето општество

Извор: Мирте (18 години, хуманизам со слободно размислување) Клипинг: „Бидејќи општеството е составено од различни индивидуи, а различни индивидуи имаат свои убедувања, мислам дека на некој начин, всушност тие самите се и општество. Значи, едноставно . . . дури и кога само неколку политичари го водат општеството, тие исто така имаат свои убедувања. Токму овие убедувања се клучни во нашето општество. Се согласувам, постојат многу различни убедувања низ историјата. Познати ми се времињата кога Один, од германските народи, беше и наш голем Бог. Да, ја имаме и католичката приказна со Исус. И во овој момент, мислам дека постои огромна разновидност. Откривме многу повеќе религии во нашето општество и тие различни религии само го рефлектираат нашето општество”.
Ова интервју, (НВО Акцент vzw) објавено е на двд „Ик Левенсшуу”, кое се дистрибуира меѓу младите луѓе за да се покаже „разновидноста на убедувањата во нашите европски општества”. Убедување е дека дури и без да се разбере другиот, сепак тој може да се почитува. Признавањето на другиот го охрабрува лицето со свое убедување/верување да користи примери од историјата за мирен соживот и да ги проучува убедувањата на другиот, за да може да го разбере.