Бог, верба и почит кон другиот

Извор: Нисрин (16, Ислам) Цитирање: „Луѓе кои не веруваат во Бог, јас го почитувам тоа. Но, не го разбирам. Не можам да го разберам. Како може да ми објасниш дека има месечина, сонце, универзум и слично... Како може ова да се оствари без Бог? Јас ги поќитувам луѓето кои не веруваат во Бог, но сепак се прашувам: Како не можете да верувате во тоа?”
Ова интервју, (НВО Акцент vzw) објавено е на двд „Ик Левенсшуу”, кое се дистрибуира меѓу младите луѓе за да се покаже „разновидноста на убедувањата во нашите европски општества”. Убедување е дека дури и без да се разбере другиот, сепак тој може да се почитува. Признавањето на другиот го охрабрува лицето со свое убедување/верување да користи примери од историјата за мирен соживот и да ги проучува убедувањата на другиот, за да може да го разбере.