Бегалци во 1945 и 2015 година: Банер на Лајпциг, Бегалци во 1945 и 2015 година: банер на Лајпциг

“Пред само 70 години, десетици илјади наши родители, баби и дедовци, лично се соочија со искуството, т.е. од прва рака доживееја, што значи да изгубиш дом. Практично, секое германско семејство има искуство со бегалци – или лично искуство како раселени лица или како луѓе кои прифатија бегалци, работеа со нив и живееја со нив по Втората светска војна. Сепак, ја совладавме оваа состојба, во многу потежок период за нас. Денес, мора да успееме во управувањето и менаџирањето на имиграцијата. Во тој процес, не смееме да бараме премногу ниту од бегалците ниту од локалното население.“

 

Буркард Јунг (СПД, градоначалник на градот Лајпциг, октомври 2015 година)

Овие зборови се дел од изјавата дадена од Буркхард Јунг (Социјалдемократска партија, СПД), градоначалник на градот Лајпциг во источна Германија, во октомври, 2015 година. Во тој период, имало голем наплив на бегалци (главно од Сирија, Ирак и Авганиста) во Германија. Изјавата на Буркхард е дадена откако градскиот совет на Лајпциг, поставил голем транспарент на нивната градска сала. На транспарентот биле прикажани две фотографии, поставени една до друга. На едната фотографија, била прикажана група германски бегалци (три жени и дете), кои на крајот од Втората свтеска војна го напуштааат источноевропскиот град, Гдањск. На втората фотографија, биле прикажани жена и дете како се движат низ урнатините на бомбардираниот град Кобане, во Сирија, во 2015 година. Според градскиот совет на Лајпциг, целта на транспарентот била да се документира: „што значи да се биде бегалец – тешкотија, неволја, безнадежност, бездомност – без оглед на вековите или континентите”. Лајпцигер Städtische Bibliotheken, 2015)

Како подготовка за вашиот DokuTube, можете да си ги поставите следниве прашања:

 

Каков ефект имаат врз вас сликите на банерот? Дали мислите дека референците за минатото се корисни и ефективни во овој контекст? Дали вие или некој од вашата семејна историја имате некакви искуства да бидете, да работите или живеете со бегалци како бегалец? Какво влијание може да има таквото искуство со летот врз тоа како некој ги гледа бегалците?