„Христијански вредности“: Мануел Саразин (2015)

„Канцеларката Меркел, минатата недела објасни дека Европа може да ја задржи својата улога во светот само ако стои пред своите вредности во пресрет на овие историски предизвици. Вредностите на Европската унија се христијански, хуманистички, еврејски, а на самиот врв на списокот, поставена е вредноста - да се почитува и сака својот сосед. Морам да кажам дека чувстувам страм што треба да го објаснам ова на странките со „Ц“ - вашиот канцелар очигледно не успеа да го стори тоа “.


 

(Мануел Саразин, 2015)

Овие зборови се дел од говорот што Мануел Саразин, го одржал во Германскиот национален парламент, на 15 октомври 2015 година. Саразин е член на парламентот и ја претставува Зелената партија. „Историските предизвици“ на кои се осврнува во неговиот говор, сé предизвиците за справувањето со голем број бегалци кои во тој период пристигнувале во Германија, пред сé од земјите зафатени со војни и конфликти, како Сирија, Ирак, Авганистан, но и од многу други земји.
Саразин реагирал на коментарите на другите членови на парламентот кои тврделе дека Германија треба да најде начини да го ограничи прифатот, т.е. приемот на бегалците. Политичарите за кои се осврнал во говорот, се членови на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанската социјална унија (ЦСУ). Саразин, се осврнувал на овие политички партии кога зборувал за т.н. партии со „Ц“ во нивно име. „Ц“ алудира на христијанските вредности. Тој, исто така ги споменува еврејските и хуманистичките вредности како важни вредности на Европската унија. („Хуманистичките“ вредности се базираат на поими во однос на разумот и хуманоста, наместо на религијата.)

Саразин, ја спомнува христијанската вредност - да се сака својот сосед. Што знаете за оваа вредност? Зошто Саразин го спомнува тоа во овој контекст? Каква важност може да има оваа вредност во контекст на бегалската криза?