Повелба за основните права на Европската Унија
Повелбата за основните права на Европската Унија (ПФЗУ) се осврна на „духовното и моралното наследство“ на Европската заедница, која е заснована на „неделивите, универзални вредности на човековото достоинство, слободата, еднаквоста и солидарноста“, како и на „принципите на демократијата и владеењето на правото“. Документот предвидуваше создавање на „уште поблиска унија“ меѓу земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), врз основа на европските „заеднички вредности“. ПФЗУ се перцепира и како обид да се надмине недостатокот на претходниот сет договори кои не ги вклучија одредбите за правата. Исто така, вреди да се спомене Договорот за функционирање на ЕУ од 1957 година (Договор од Рим), кој заедно со Договорот за Европската Унија од 1992 година (Договор од Мастрихт), ја обезбедуваат уставната основа на ЕУ. Општо земено, ПФЗУ го штити правото на поседување религиозни или други верувања.
Повелбата за основните права на Европската унија (EU Charter of Fundamental Rights) беше свечено прогласена во декември 2000 година за време на меѓувладината конференција која се одржа во Ница, Франција (формална процедура за преговарање за амандмани на основачките договори на ЕУ). Во Преамбулата на Повелбата се истакнува дека: „ . . . свесни за своето духовно и морално наследство, Унијата се заснова на неделивите и универзални вредности на човечко достоинство, слобода, еднаквост и солидарност, таа се заснова на принципите на демократија и владеење на правото. Поединецот го става во сржта на своите активности со воспоставување на државјанство на Унијата и со создавање на област на слобода, безбедност и правда. Унијата придонесува кон зачувување и развој на овие заеднички вредности, почитувајќи ја истовремено разноликоста на култури и традиции на народите на Европа, како и националните идентитети на Државите членки и организацијата на нивните власти на национално, регионално и локално ниво.” Прокламираните права во Повелбата, сé „извлечени” од различни меѓународни и национални извори, вклучувајќи ги: правата кои како такви произлегуваат од уставните традиции и меѓународните обврски на Државите членки, Спогодбата на Европската Унија, Спогодбите на Заедницата, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Социјалните спогодби усвоени од страна на Заедницата и Советот на Европа и Судската пракса на Судот на правдата на Европските заедници и Европскиот суд за човекови права. Повелбата, исто така, беше призната од Европскиот парламент, Советот на министри и Европската комисија како важен чекор напред во областа на унапредување на човековите права. Агенцијата за фундаментални права на Европската унија, е тело на ЕУ основано во 2007 година за да ги следи, собира и анализира податоците поврзани со Повелбата за основните права на Европската унија.
Заедничките вредности се висок приоритет за европската заедница. Дали мислите дека заедничките вредности придонесуваат за формирање на поблиска заедница. Зошто?
For more information on this and other peace treaties, see
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете

