Повелба за основните права на Европската унија: верски слободи
Повелбата за основните права на Европската унија (EU Charter of Fundamental Rights) беше свечено прогласена во декември 2000 година за време на меѓувладината конференција која се одржа во Ница, Франција (формална процедура за преговарање за амандмани на основачките договори на ЕУ). Во Преамбулата на Повелбата се истакнува дека:
„ . . . свесни за своето духовно и морално наследство, Унијата се заснова на неделивите и универзални вредности на човечко достоинство, слобода, еднаквост и солидарност, таа се заснова на принципите на демократија и владеење на правото. Поединецот го става во сржта на своите активности со воспоставување на државјанство на Унијата и со создавање на област на слобода, безбедност и правда. Унијата придонесува кон зачувување и развој на овие заеднички вредности, почитувајќи ја истовремено разноликоста на култури и традиции на народите на Европа, како и националните идентитети на Државите
членки и организацијата на нивните власти на национално, регионално и локално ниво.” Прокламираните права во Повелбата, сé „извлечени” од различни меѓународни и национални извори, вклучувајќи ги: правата кои како такви произлегуваат од уставните традиции и меѓународните обврски на Државите членки, Спогодбата на Европската Унија, Спогодбите на Заедницата, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Социјалните спогодби усвоени од страна на Заедницата и Советот на Европа и Судската пракса на Судот на правдата на Европските заедници и Европскиот суд за човекови права. Повелбата, исто така, беше призната од Европскиот парламент, Советот на министри и Европската комисија како важен чекор напред во областа на унапредување на човековите права. Агенцијата за фундаментални права на Европската унија, е тело на ЕУ основано во 2007 година за да ги следи, собира и анализира податоците поврзани со Повелбата за основните права на Европската унија.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Повелба за основните права на Европската унија: верски слободи
content
Покрај членот 22, членот 10 го навестува главниот пристап на ЕУ за верските слободи. Од една страна, со CFREU, ЕУ ја препознава нејзината културна и религиозна разновидност, додека има за цел олеснување на посилна соработка во рамките на нејзиното популарно јадро. Од друга страна, ЕУ останува високо секуларно тело. Членот 10 на CFREU кореспондира со членот 9 од Европската конвенција за човекови права, со кој се обезбедува манифестацијата на нечија религија или верување „ќе биде предмет само на такви ограничувања што се пропишани со закон и се неопходни во едно демократско општество во интерес на јавната безбедност, за заштита на јавниот ред, здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на другите.
Context
Повелбата за фундаменталните права на Европската унија (CFREU) беше свечено прогласена во декември 2000 година на Меѓувладината конференција одржана во Ница, Франција – формална процедура за преговарање за амандмани на основачките договори на ЕУ. Правата прогласени од CFREU беа извлечени од различни меѓународни и национални извори, како и од Повелбата за основните социјални права на работниците на Европската заедница од 1989 година. CFREU беше дополнително признат од Европскиот парламент, Советот на министри и Европската комисија како голем чекор напред во областа на човековите права. Агенцијата за фундаментални права на Европската унија е тело на ЕУ создадено во 2007 година со мисија на следење, собирање и анализа на податоци поврзани со CFREU.
Questions
Како ја разбирате разликата помеѓу слободата на мисла, совест и религија и секуларноста на ЕУ? Која е правната основа? Зошто е тоа така?
Temporal Coverage
20 век, 21 век
Spatial Coverage
Европа
Relation
Subject
Is Referenced By
transcript of
Charter of Fundamental Rights of the European Union
Audience
Yes
Creator
Naum Trajanovski