Постер за политичка кампања од Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) за време на референдумот за членство или напуштањена Европската унија 2016 година во Велика Британија.
New UKIP Poster launching today - Breaking Point pic.twitter.com/PjMWSLbBNZ
— UKIP (@UKIP) June 16, 2016
Погледнете го овој постер. Според вас, каква порака треба да испрати дизајнот на постерот?
Во 2016 година, Велика Британија одржа референдум за тоа дали ќе остане во Европската унија. Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), беше една од политички групи кои водеа кампања за напуштање на ЕУ. Едно од клучните прашања на нивната кампања, беше прашањето за имиграцијата. Ова е постер на УКИП. Тој тврди дека Велика Британија мора да ја „преземе контролата“, на своите граници. На сликата прикажани се барателите на азил кои ја преминуваат границата меѓу Хрватска и Словенија во 2015 година. Во постерот се посочува дека доаѓањето на мигрантите од Блискиот исток не било контролирано од другите земји во Европската унија и оттука, истиот сугерира дека многу од нив ќе влезат во Обединетото Кралство. Всушност, бегалците би можеле да се сместат во Обединетото Кралство само откако ќе станат државјани на Европската унија или откако ќе добијат азил од Велика Британија. Објавувачот на постерот беше критикуван од различни политички лидери од повеќе причини. Како прво, барателите на азил се прикажани на постерот како голема маса на луѓе, а не поединци. Ваквата слика, кога сите се прикажани како маса на луѓе заедно со пораката која се настојува да се испрати, иницира чувство на страв. За одредени критичари, постерот многу наликува на нацистичкиот пропаганден филм за Евреите ,во 30-тите година на минатиот век. Иако е веројатно дека некои луѓето на постерот биле христијани или пак од други религии, сепак тој бил критикуван заради поттикнување на антимуслиманско мислење.
Второ, сликата исто така беше критикувана и поради иницирање и актуелизирање на стравот од тероризам во јавноста. Иако, на постерот нé се алудира на терор, сепак проблематично е времето на неговото објавување, т.е. тој беше објавен набрзо по ужасните терористички напади во Париз и во Брисел. Тоа, иницираше широко распространета јавност за опасноста од исламистичките екстремисти. Дали сликата подразбира дека оваа толпа е опасна затоа што може да вклучува терористи во неа? Социологот, д-р Меделин-Софи Абас, изјави дека сликата во овој контекст ги прикажува бегалците „од Блискиот исток“, како безбедносна закана и истата ги игнорира животните приказни и патешествијата на индивидуата.
Каква порака според вас настојува да испрати постерот? Дали се согласувате со посочените критики за постерот?