Дискусија за Kindertransport во собраниска расправа на тема „Бегалците и антитероризмот“

Сер Ѓералд Кауфман: 

 

Во летото 1939 година, моите родители во нашиот дом зедоа една млада еврејска девојка, Јохана, која пристигна во Лидс преку транспортот за деца (Kindertransport). Нејзината сестра и останатите деца пристигнале преку истиот транспорт, а Невил Чемберлен (британски премиер) го олесни пристигнувањето на овие мали деца повеќе отколку што оваа Влада ги олеснува ваквите работи сега. Жално е што оваа Влада работи помалку отколку што направи Невил Чембрлен. Секоја чест, прав господин. Вели дека ќе земе 20,000 бегалци во текот на пет години. Германците зедоа 10.000 за еден ден. Каква споредба е тоа? Ги препознавам финансиските проблеми, како и асимилациските проблеми, но ако не го сториме тоа сега, ќе жалиме за тоа до крајот на животот. Пораката од моите избирачи, во огромен број и на секој настан на кој присуствував во мојата изборна единица за време на викендот, е: ‘Нека влезат! Ќе ги поздравиме. ’Ќе го направиме она што го сторија Германците. Ајде да продолжиме со тоа! '



 

Премиерот: 

 

Верувам дека 20,000 сириски бегалци - од кои многумина ќе бидат деца - кои ќе ги земеме директно од сириските бегалски кампови, се современ еквивалент на т.н. Kindertransport (од 30-тите год. на минатиот век) и оваа земја треба да биде горда на тоа.


Оваа комуникација е дел од дебатата за „Бегалци и контра-тероризам“ во Долниот дом на парламентот на Велика Британија, во септември 2015 година. За време на дебатата, пратеник од лабуристите, Ѓералд Кауфман, прави споредба помеѓу „Kindertransport“ од 1930-тите год. и начинот на кој Британија треба да одговори на сириската бегалска криза.

 

„Kindertransport“, беше операција за спасување во 1938 и 1939 година во која еврејските деца беа донесени од централна Европа за да ги отстранат од опасноста на нацистите. 

Родителите на Кауфман биле полски Евреи кои емигрирале во Велика Британија пред Првата светска војна. За време на Kindertransport, тие се грижеа за една млада еврејска девојка. Тој тврди дека „Kindertransport“ дава пример за тоа како Британија треба да се однесува со бегалците. Тој ја критикува британската реакција на сириската бегалска криза и во таа насока истакнува дека нé е сигурен дека британскиот пристап по однос на ова прашање е целосно соодветен и адекватен со примерот од т.н. „Kindertransport“. Тој истакнува дека британската влада била подготвена да понуди прифаќање на 20,000 сириски бегалци во период од пет години. Според него, ова не е доволно и тврди дека германскиот одговор на сириската бегалска криза е многу подобар.

Премиерот, исто така, го перпцепира „Kindertransport“ како пример на национална гордост. Но, за разлика од Кауфман, тој верува дека прифаќањето на 20,000 сириски бегалци, исто така заслужува да се спореди со „Kindertransport“.


Кој од аргументите претставени во овој извадок ви се чини најубедлив?