Discover our collection

Clippings Narratives Docutubes

Sprache wählen

Aktuelle Sprache: Language MK


Дали некогаш сте се запрашале како луѓето во минатото се справувале со разликите и конфликтите меѓу различните религии? Добредојдовте во збирката на RETOPEA! Овде можете да откриете примери за тоа како луѓето во Европа и пошироко, во многу различни историски периоди, размислувале и доживеале различни религиозни верувања и практики и нашле начини за заеднички живот. Нашата збирка вклучува повеќе од 400 “исечоци“. Тоа се кратки текстови, слики или видеа кои истражуваат различни аспекти на верската различност, толеранција и мир од многу различни земји во минатото и сегашноста. Некои од опфатените примери можеби ви се многу познати - други може да откријат нови сознанија и да ве изненадат.

Исечоците опфаќаат 12 теми - можете да кликнете на секоја од овие теми за да ви помогне да го пронајдете она што најмногу ве интересира. Можете исто така да ја пребарувате збирката на RETOPEA користејќи ги вашите сопствени термини за пребарување. Кога ќе најдете исечок што особено ви го привлекува вниманието, проверете го насловот “Се референцира со“ бидејќи тоа ве води до други поврзани исечоци што можеби ќе ви бидат интересни.

Можете сами да ја истражите збирката RETOPEA - но исечоците може да се користат и како едукативни материјали во училишта, музеите или страна на групи од млади луѓе. Нашите приказни или narratives го поддржуваат ова.

Секој исечок доаѓа со збир на прашања за поттикнување на критичко размислување за прашањата што ги отвара.

Тимот на RETOPEA разви модел за работилници каде што тинејџерите снимаат кратки филмови инспирирани од исечоците од RETOPEA. Овие филмови ги нарекуваме “докутуби“ бидејќи по стил се слични на видеата за блогирање на You Tube. Ако сте наставник или едукатор и сакате да дознаете како сами може да водите работилница за doкутуби или за други начини на кои можете да ги користите ресурсите на RETOPEA со вашите ученици - ве молиме кликнете овде.