Идеи за толеранција

Овој дел ве доведува до суштината на проектот RETOPEA: Како луѓето живеат во мир – на толерантен начин – со други луѓе со кои не се согласуваат? Кои идеи и постапки се важни за толеранција? Како се менувала идејата за толеранција низ вековите? Дали искуствата на поранешните генерации или на современите групи, можат да ги инспирираат нашите идеи и однесување денес?

Речиси 100 исечоци/клипинзи ви дозволуваат да ја истражите разновидноста на идеите, практиката и политиката на толеранција. Може да започнете со „Танцување во Јафа“ што претставува денешна иницијатива со деца. Дали толеранцијата расте од учење и споделени искуства? И, како можеме да практикуваме толеранција со некој што негодува за дијалог? (видете го исечокот „Промовирање на мирот преку дијалог“)

Исто така, можете добро да патувате во времето за да видите како се развивала толеранцијата низ историјата на човештвото. На пример, како владетелот Ашока во Индија пред повеќе од 2000 години спроведувал толеранција? (видете го исечокот „снимени едиктите на Ашока“). Што мислел исламскиот мислител Ибн Тејмија, во XIII век, за мултирелигискиот град Мардин? И, како неговото размислување влијаело на прогласувањето на Мардин во 2010 година? (види го исечокот „Фетвата на Мардин на Ибн Тејмија“). Кои идеи за идеалното општество го инспирирале Роџер Вилијамс во Род Ајленд во XVII век? (Види го исечокот „Роџер Вилијамс и општеството како брод“). Или, зошто мислители како Џон Лок, Едмунд Бурк или Јохан Волфганг Гете биле критички настроени кон некои концепти на толеранција? (види го исечокот „Џон Лок: во врска со толеранцијата“).

Толеранцијата не е само идеја – таа треба да биде поддржана од законот и од политиката. Можете да дознаете за развојот на човековите права и устави кои на толеранцијата и прифаќањето на верската слобода им дадоа правна рамка, на пример во Француската револуција или во Уставот на САД (видете го исечокот „Една реченица за заштита на слободата на религијата“). Станува збор за процеси од пред речиси 250 години. Дали тие имаат некакво значење за нас денес? И како може да се поттикне толеранцијата по војна или по избивање на насилство? По Првата светска војна, низа договори се обидоа да ги обезбедат правата на малцинствата (видете го исечокот Париски мировни договори: Договорот од Нојли-сур-Сен (#1), Охридскиот рамковен договор во 2001 година (видете го исечокот „Охридски рамковен договор: македонски модел на мултикултурализам (#1)?“), кој се обиде да формулира решение за конфликт во поновата историја.

На религиозната толеранција и мирот им требаат стари и нови идеи, како што можете да видите во Декларацијата од Маракеш од 2016 година. Таа се однесува на Уставот на Медина од пред 1400 години (видете го исечокот „Декларацијата од Маракеш за етничката и верската различност“). Кои идеи за толеранција се важни и инспиративни за вас? Додека размислувате за ова, насочете се и комуницирајте со идеите од исечоците.