Охридски рамковен договор: македонски модел на мултикултурализам (# 1)

Македонското општество не предвидуваше вооружен конфликт во 2001 година. Сé очекуваше дека барањата на малцинските групи ќе бидат исполнети во државните институции и без насилна ескалација. Пред конфликтот, османлиската историја на државата се користеше за да се илустрира наследството на заедничкиот живот. Во 2000 година, во Скопје беше промовиран уметничкиот проект „Комши Капичик“ за истражување на културата на мултиверската толеранција во Македонија. „Комши Капичик” е турски термин за мала градинарска порта која поврзува два соседни имоти. Оваа порта била присутна во повеќето домаќинства, без оглед на нивното религиозно или етничко потекло. Авторите на проектот биле критички настроени кон идејата за наметнување на западен модел на мултикултурализам, без да се земат предвид локалните традиции и историјата на заедничкиот живот. По конфликтот во 2001 година, група експерти започнаа да ја развиваат идејата за „македонски модел на мултикултурализам“. Идејата се засноваше на наследството на мултиконфесионалниот живот во Македонија.
Охридскиот рамковен договор е инструментот и решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од Владата на Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) и претставници на албанската етничка заедница во оваа земја. Повеќето, но не сите етничките Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се главно православни христијани. Покрај религиозните разлики, двете групи зборуваат и различен јазик. Тензиите помеѓу овие две групи настанаа во годините до 2001 година. Во првата половина на 2001 година, тензиите ескалираа во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор овозможу намалување на насилството и решавање на конфликтот. Договорот, иницираше разоружување на албанските милитантни групи. Исто така, тој обезбеди јазични и културни права за малцинските групи.