Охридски рамковен договор: Основните принципи

Охридскиот рамковен договор е решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) во 2001 година. Договорот започнува со следните пет основни принципи: „1.1. Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за политички цели. Само мирни политички решенија можат да обезбедат стабилна и демократска иднина за Македонија. 1.2. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како и унитарниот карактер на државата се неприкосновени и мора да бидат зачувани. Нема територијални решенија за етничките прашања и проблеми. 1.3. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се зачува и да се рефлектира во јавниот живот. 1.4. Современата, демократска држава во својата природна еволуција и созревање, мора постојано да гарантира дека нејзиниот Устав целосно ги задоволува потребите на сите нејзини граѓани и е во согласност со највисоките меѓународни стандарди, кои самите продолжуваат да се развиваат. 1.5. Развојот на локалната самоуправа има суштинско значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот и во промовирањето на почитувањето на идентитетот на заедниците “.
Охридскиот рамковен договор е инструментот и решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од Владата на Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) и претставници на албанската етничка заедница во оваа земја. Повеќето, но не сите етничките Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се главно православни христијани. Покрај религиозните разлики, двете групи зборуваат и различен јазик. Тензиите помеѓу овие две групи настанаа во годините до 2001 година. Во првата половина на 2001 година, тензиите ескалираа во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор овозможу намалување на насилството и решавање на конфликтот. Договорот, иницираше разоружување на албанските милитантни групи. Исто така, тој обезбеди јазични и културни права за малцинските групи.