Охридски рамковен договор: Изразување на идентитетот

Дел 7.1. ОРД гласи: „7.1. Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.” Содржината на овој напис, овозможува албанското, главно муслиманско малцинство во земјата да ги изрази своите национални и верски обележја во локалните заедници. За да го сторат тоа, тие мора да го преминат прагот усвоен/доделен од мнозинска група. Таков е на пример случајот со неколку општини во Скопје, населени со мнозинство албанско население, како и случајот со скопската општина Шуто Оризари, единствената општина во Европа населена со ромско мнозинство.
Охридскиот рамковен договор е инструментот и решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од Владата на Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) и претставници на албанската етничка заедница во оваа земја. Повеќето, но не сите етничките Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се главно православни христијани. Покрај религиозните разлики, двете групи зборуваат и различен јазик. Тензиите помеѓу овие две групи настанаа во годините до 2001 година. Во првата половина на 2001 година, тензиите ескалираа во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор овозможу намалување на насилството и решавање на конфликтот. Договорот, иницираше разоружување на албанските милитантни групи. Исто така, тој обезбеди јазични и културни права за малцинските групи.