Охридски рамковен договор: комеморација на конфликтот од 2001 година (#1)

На 14 декември 2018 година, седумнаесет години по вооружениот конфликт во Северна Македонија во 2001 година, во селото Липково се одржа првата заедничка комеморација на цивилните жртви. Главните актери на комеморацијата беа Стојанче Ангелов, поранешен генерал мајор на македонските специјални сили и Абедин Зимбери, поранешен командант на воената полиција на Националната ослободителна армија. И Ангелов и Зимбери, положија цвеќе на гробовите на цивилните жртви во Липково и дадоа јавни изјави замеѓуетничко помирување. Според Ангелов, „иако имаме сосема поинаков поглед на настаните од минатото, мора да бидеме подготвени заедно да се бориме за иднината“.
Охридскиот рамковен договор е инструментот и решението со кое се стави крај на седуммесечниот конфликт во Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од Владата на Северна Македонија (тогашна Р.Македонија) и претставници на албанската етничка заедница во оваа земја. Повеќето, но не сите етничките Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се главно православни христијани. Покрај религиозните разлики, двете групи зборуваат и различен јазик. Тензиите помеѓу овие две групи настанаа во годините до 2001 година. Во првата половина на 2001 година, тензиите ескалираа во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор овозможу намалување на насилството и решавање на конфликтот. Договорот, иницираше разоружување на албанските милитантни групи. Исто така, тој обезбеди јазични и културни права за малцинските групи.