Париски мировни договори: Договор од Ној-сур-Сен
На 27 ноември 1919 година, Бугарија, како една од поразените страни во Првата светска војна, потпишала мировен договор со сојузничките сили во Ној-сур-Сен. Со Договорот, Бугарската страна морала да отстапи различните територии стекнати за време на војната. По нејзината формална независност од Отоманската империја во 1908 година, во бугарската држава доминирало православното христијанско население, а имало и големо муслиманско малцинство. Според одредбите од Договорот, бугарските жители во Грција биле принудени да ја напуштат земјата и да се населат во Бугарија. Слично на тоа, Грците во Бугарија, биле принудени да се преселат во Грција.Ваквите присилни миграции, драматично ја промениле етничката карта на Балканскиот Полуостров. За бугарското општество, овој договор се сметал како кршење на принципот на самоопределување. Многу бугарски граѓански организации испратиле разни изјави до Париската мировна конференција, барајќи зачувување на етничкиот, културниот, верскиот и јазичниот идентитет на териториите што требало да се изгубат со договорот.
Париската мировна конференција се одржа во 1919 година во Версај. Конференцијата беше насочена кон утврдување на условите за мир меѓу двете завојувани страни од Првата светска војна - победничките сојузнички сили и поразените Централни сили. Конференцијата започна на 18 јануари 1919 година и во голема мерка се сметаше за преседан во создавање на новиот, повоен поредок. Како таква, конференцијата привлече големо меѓународно внимание.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Париски мировни договори: Договор од Ној-сур-Сен
content
На 27 ноември 1919 година, Бугарија, како една од поразените страни во Првата светска војна, потпишала мировен договор со сојузничките сили во Ној-сур-Сен. Со Договорот, Бугарската страна морала да отстапи различните територии стекнати за време на војната. По нејзината формална независност од Отоманската империја во 1908 година, во бугарската држава доминирало православното христијанско население, а имало и големо муслиманско малцинство. Според одредбите од Договорот, бугарските жители во Грција биле принудени да ја напуштат земјата и да се населат во Бугарија. Слично на тоа, Грците во Бугарија, биле принудени да се преселат во Грција.Ваквите присилни миграции, драматично ја промениле етничката карта на Балканскиот Полуостров. За бугарското општество, овој договор се сметал како кршење на принципот на самоопределување. Многу бугарски граѓански организации испратиле разни изјави до Париската мировна конференција, барајќи зачувување на етничкиот, културниот, верскиот и јазичниот идентитет на териториите што требало да се изгубат со договорот.
Context
Париската мировна конференција се одржа во 1919 година во Версај. Конференцијата беше насочена кон утврдување на условите за мир меѓу двете завојувани страни од Првата светска војна - победничките сојузнички сили и поразените Централни сили. Конференцијата започна на 18 јануари 1919 година и во голема мерка се сметаше за преседан во создавање на новиот, повоен поредок. Како таква, конференцијата привлече големо меѓународно внимание.
Questions
Како содржината на Договорот од Ној-сур-Сен влијае врз заштитата на правата на малцинствата? Дали малцинските права треба да се разликуваат од мнозинските права?
Temporal Coverage
20 ви век
Spatial Coverage
Европа, Франција
map
48.8881 / 2.2686
Relation
Subject
Is Referenced By
transcript of
Zara Steiner, ‘The Treaty of Versailles Revisited’, in Michael Dockrill and John Fisher (eds), The Paris Peace Conference, 1919: Peace without Victory? (Basingstoke: Palgrave, 2001), p.32.
Audience
Yes
Creator
Naum Trajanovski